Нова книга: „Ден на државноста на Црна Гора во Скопје“

Нова книга: „Ден на државноста на Црна Гора во Скопје“

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 25 Aug 2021

26 август, 2021 г.

Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид излезе од печат 112 книга на академик Миле Д. Миќуновиќ насловена како ДЕН НА ДРЖАВННОСТА НА ЦРНА ГОРА ВО СКОПЈЕ.

По повод Денот на државноста на Црна Гора, Црногорската заедница во Скопје со претседателот Борис Попивода и членовите на Претседателството на 11 јули 2021 година организираа прослава на која поздравен збор одржаа: Претседателот на Црногорската заедница во Скопје господин Борис Попивода, Нејзината Ексцеленција Марија Петровиќ амбасадорка на Црна Гора во Република Северна Македонија и Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски. Прославата беше придружена и од естрадни уметници од Црна Гора.

Во книгата се опишани дејствијата од одржаната прослава.

НУ Библиотека