Роднокрајни автори родени во август

Роднокрајни автори родени во август

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 16 Aug 2021

16 август, 2021 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид продолжува со виртуелно одбележување на родендените на роднокрајните автори без поставки од нивни дела поради Ковид пандемијата.

Според нашите податоци пет автори од Охрид се родени во август.

Потсетуваме на родендените на писателите: Радослав Петкоски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго, Славе Николовски – катин и најмладата меѓу нив Кристина Т. Рудевска.

Нивното творештво нашата библиотека љубоморно го чува на полиците за издавање од каде можете да ги подигнете нивните познати дела а нивниот целосен творечки опус се чува во Роднокрајното одделение во нашата Библиотека.

НУ Библиотека