НУ Библиотека – Охрид: Со книга во рака против жештините

НУ Библиотека – Охрид: Со книга во рака против жештините

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 11 Aug 2021

11 август,2021 г.

И оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви препорачува нови книги кои веќе можат да се зајмат на пултот секој работен ден од 8 и 30 до 16 часот.

Новата понуда содржи осум наслови една од издавачот Сакам книги а останатите од Антолог.

Се работи за: „Мистеријата на трите четвртини“ и „ Затворениот ковчег ‘ двете од  Софи Хани.

Следуваат: „ Првата вечерна ѕвезда“ од Сузан Елизабет  Филипс и „Последната девојка “ од Надја Мурад.

Од најновата набавка ви ги препорачуваме и романите: „Младата сопруга“ од Алесандро Барико и „Заклучи ги сите врати“ од Сејбер Рајли.

Во понудата се и новото издание на „Животинска фарма“ од Џорџ Орвели и „Конци на судбината“ од Марија Дуењас.

Потсетуваме годишната членарина во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

НУ Библиотека