Ново во Библиотеката од издавачите Антолог и Топер

Ново во Библиотеката од издавачите Антолог и Топер

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 28 Jul 2021

28 јули,2021 г.

НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид  континурано ја следи најновата издавачка продукција во земјава, ги купува и обработува најбараните дела од областа на белетристиката. Оваа среда ви предлагаме уште осум наслови, секој засебно веруваме ќе има огромна читателска публика.

Оваа  мини топ листа од книги на кое не е важно местото изгледа вака:

„Зулејха ги отвора очите“ и „Децата на Волга“ обете  од Гузел Јахина и „Збогум“ од Ајше Кулин.

Следат: „Дабот се’ уште е тука“ од Софија Лундберј и „Пламен на страста“ од Хана Филдинг.

Не помалку интересни се и: „Модар накит“ од Катарина Винклер, „Бележникот на татко ми“ и  „Куќата на џамијата“ од Кадир Абдулах .

И ова лето до 1 септември Библиотеката со читатели работи од 8 и 30 до 16 часот а членарината за една година за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

НУ Библиотека