„На зајдисонце“ во Трпејца одбележан и јубилејот 100 г.од раѓањето на Конески

„На зајдисонце“ во Трпејца одбележан и јубилејот 100 г.од раѓањето на Конески

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 26 Jul 2021

26 јули,2021 г.

Синоќа во Трпејца во рамките на десеттото издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“ со омаж беше одбележана  100 годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески.

Со избор од поезија од Конески и други светски автори настапија: актерката Марија Кондовска, младиот  Симон Јаковлев – Писин и музичарот Лео Спасески – Охридски ( синтисајзер).

Поетската вечер под отвореното ѕвездено небо беше збогатена со видео презентација за животот и творештвото на Конески изработена од страна на Милчо Јованоски, вработен во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид а беше емитувано и негово кусо интервју со проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ во кое таа говореше за Конески како професор, колега и соработник.

Публиката со сите сетила синоќа уживаше во настанот барајќи и бис од актерите – рецитатори и од инструменталистот чии настапи беа следени со огромно внимание и долги аплаузи.

НУ Библиотека