Пред 142 години на денешен ден во Охрид роден е Коста Абраш

Пред 142 години на денешен ден во Охрид роден е Коста Абраш

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 29 May 2021

29 мај, 2021 г. 

Коста Абраш (Абрашевиќ) (Охрид, 29 мај 1879 – Шабац, 20 јануари 1898) бил македонски пролетерски поет, по убедување социјалист.

Автор е на само една посмртно објавена книга социјална лирика („Песни“, 1903). Се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.

Тој е еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература.

 

Абраш е роден во трговско семејство во Охрид. Своето школување го започнува во Охрид и завршил тро одделенија во основното грчко училиште. Со преселувањето на неговото семејство во Шабац во 1888 година, тој своето обрзование го продолжува таму. Мошне млад почнува да пишува песни, љубовни и патриотски, кој ги потпишувал со презимето Абрашевиќ. Во 1894 година се запознава со социјалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на својот краток живот. Починува многу млад, на 19 години, од туберкулоза.

Како спомен на него, неговите другари социјалисти во 1905 година во Белград формираат прво работничко културно-просветно друштво „Абрашевиќ“. Една од најстарите печатници во слободна Макеоднија, сместена во неговиот роден град Охрид, го носи токму неговото име.

Црвена

Црвена е крвта што врие и тече,
црвена е молњата облаци што сече,
црвено е небото в зори што се смее,
црвено е знамето гордо што се вее;
и гневот е црвен на стари и млади.
О, тирани, чујте – денот веќе иде –
и нашата одмазда – црвена ќе биде.

Извор Википедија

НУ Библиотека