НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид ја интензивира соработката со Британскиот совет од Скопје

НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид ја интензивира соработката со Британскиот совет од Скопје

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 26 Apr 2021

25 април, 2021 г. 

Британскиот совет со седиште во Скопје деновиве на нашата Библиотека и донира по еден примерок од публикациите „Збирка на добри практики“ и „Упатство за клубови за кодирање“.

Двете публикации се наменети за користење од страна на наставниците во основните училишта  кои предаваат македонски јазик, странски јазици и природни науки во предметна настава  за ученици од шесто до деветто одделение.

Бидејќи печатениот тираж на книгите беше ограничен, велат од Британскиот совет книгите заинтересираните ќе можат да ги подигнат од Вашата библиотека.

Но тие можат да се разгледаат и да се преземат од веб страницата на Британскиот совет:

https://www.britishcouncil.mk/programmes/education/21st-century-schools/resources/good practices collection

и од веб страницата на Бирото за развој на образованието: www. bro.gov.mk /училишта на 21 –от век

Наскоро нашата Библиотека ќе се збогати и со други публикации на англиски и македонски јазик во издание на Британскиот совет.

НУ Библиотека