За својот роденден хуманитарката и писателка Вера М Самарјанин ни подари книги

За својот роденден хуманитарката и писателка Вера М Самарјанин ни подари книги

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 16 Mar 2021

16 март, 2021 г.

На денешен ден во 1955 година во Битола е родена познатата  хуманистката и писателка Вера М. Самарјанин.

По повод својот 66 роденден таа до нашта НУ Библиотека „Григор Прличев“ како и многу пати досега  денеска испрати по повеќе примероци од нејзините четири ново објавени книги. Се работи за нејзините дела: „ Посвета со цвет“ ( поезија со илустрација од познатиот Живко Поповски – Цветин ),„Монографијата за Цветин“ и збриките песни од група автори „Црно – белиот бал на цвеќето на мирот“ и „Велигденски празници“.

Да потсетиме:

Од 2018 година хуманистката и писателка Вера М. Самарјанин е почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Сите нејзини книги,a се 70 наслови се самофинансирани  и се донирани по градинките, училиштата  и домовите за стари лица низ Македонија.Досега подарила над 22 000 книги и сликовници.

Вера М. Самарјанин е една од најпознатите хуманисти на овие простори. Добитник е на многубројни награди за хуманост. –„Хуманист на годината“ за 1999 г, „Велигденска Пофалница 2003 година“, „ Хуманист на деценијата“ прогласена во  2006 година. „Мисионер на хуманоста“ –  2008 г.

Награда по повод 4-ти Ноември од град Битола во 2009, награда од Националниот спомен дом на Мајка Тереза во Скопје, плакета од Министерството за надворешни работи и од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Р. Македонија и многу други признанија и благодарници.

Во 2009 година од МНР на Република БиХ е избрана за Почесен Конзул на БиХ во Битола. Од оправдани причини таа ја одбива оваа почесна функција и ја прифаќа функцијата Претседател на Македонско – Босанско Херцеговското здружение за пријателство и соработка со седиште во Битола.

Член е на „Медитеранската  академија“, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес и е една од основачите на „Поезија со музика и цветна порака за мир“ од Струга.

Вера живее на релација Битола, Чешка , Италија и Канада каде што е во мигов.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и го честита роденденот и и’ посакува долг живот и уште многу инспирација за творење и издаваштво.

НУ Библиотека