Оваа среда, НУ Библиотека „Григор Прличев“ со понуда од 10 нови изданија

Оваа среда, НУ Библиотека „Григор Прличев“ со понуда од 10 нови изданија

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 10 Mar 2021

10 март, 2021 г. 

Од агилниот издавач МИ –АН од денеска можете да ги зајмите четирите романи од македонскиот автор Јован Дамјановски: Вештачки сон, Мирисот на лагата, Здивот на тишината , Благослов или проклетство.

 

         

       

Побарајте ги следните наслови: Куќата на гласовите од Донато Каризи во издание на Матица, Блесокот и падот на другарот Зиљо од Дритеро Аголи, издание на Блесок, Верити од Колин Хувер-Сакам книги, Вистински приказни за исчезнувањето на приказните од Билјана Станковска – Феникс, Тереза Ракен од Емил Зола во издание на Феникс и илустрираната книга Инсекти и пајаци од Ј. Страдлинг од Просветно дело.

 

Библиотеката со читатели работи од понеделник до петок во терминот од 8 и 30 до 18 и 30 со ковид пауза од 13 до 13 и 30 часот.

               

Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Останатите поволности, права  и услови за зајмување на новите читатели ќе им бидат предочени при самото зачленување во Библиотеката.

НУ Библиотека