Наместо букет цвеќе – рецитираме песни во чест на 8 Март – Денот на жената

Наместо букет цвеќе – рецитираме песни во чест на 8 Март – Денот на жената

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 07 Mar 2021

Филип Димкоски

Како честитка во пресрет на 8 Март младиот поет ја рецитира песната ЗА НЕПОЗНАТАТА од големиот Блаже Конески.

Димокоски, роден е на 27 јуни 1995 година во Прилеп каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Факултетот за земјоделски науки и храна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на насоката „Градинарство и цвеќарство“ (хортикултура). Десет години е постојан соработник-новинар во најстариот дневен весник во Македонија, Нова Македонија.

Досега ги објавил книгите:

Книгата „Божилак на исконот“ објавена е на српски и на бугарски јазик во 2016 година, книгата „Заедно да растеме“ објавена е на српски 2019, а книгата „Во градината има само љубов“, на бугарски јазик (2019).

За својата поезија добитник е на неколку награди

Поезијата му е препеана на петнаесетина јазици и застапена во списанија, зборници и антологии. Се занимава и со водителство и рецитирање. Преведува од српски, од бугарски и од хрватски на македонски јазик.

Јован Цветкоски, книжевник/сценарист, културолошки поданик на уметноста, креативата и младината од Охрид

Осмомартовска честитка со стихови од „Чудо од Лилит“ 

Симон Јаковлев – Писин, студент на медицина и вљубеник во поетската реч од Охрид. 

Поезијата во мојот животот е како зачин во јадење. Не се може без неа. Сите чувства преточени преку која било уметност полесно се искажуваат. Кај мене секогаш изборот е литература во комбинација со музика. Воодушевен сум како со текот на моето созревање наоѓам поеми и песни коишто дотогаш не сум ги прочитал или слушнал. Едноставно на животот му даваат една друга димензија. Љубовта кон литературата и мајчиниот јазик во целост ме следи од самото себеспознавање и за среќа тлее до ден денес. Можеби е до гените, можеби до индивидуалните интереси, којзнае.

За оваа празнична пригода ја одбрав „Трета молитва на моетотело“ од Ацо Шопов

НУ Библиотека ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – Охрид