Нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид

Нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 24 Feb 2021

24 февруари, 2021 г. 

Нашиот најнов предлог  содржи осум нови книги од следните издавачи: Култура, Сакам книги и Просветно дело.

   

Од областа на белетристиката на пултот за зајмување можете да ги побарате следните наслови: Ќерката на мојата најдобра пријателка од Дороти Кумсон, Невидлива убавина – Ејми Хармон.

 

Без каење од Колин Хувер, Тајни на летната ноќ од Лиса Клејпас, Песната на речните птици од Лиса Вингејт.

Денеска ви предлагаме и три илустрирани и едукативни  изданија подеднакво интересни за децата, учениците и возрасните. Тоа се: Мојот прв англиски јазик, Откриј го Египет и Поглед одблиску, Инсекти и пајаци.

         

Одделот за зајмување во нашата библиотека работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за дезинфекција од 13 до 13 и 30 часот. Годишната членарина за деца и ученици е 200 а за возрасни 300 денари.

НУ Библиотека