Познати имињата на наградените од ФБ објавата во чест на Св. Трифун и Св. Валентин

Познати имињата на наградените од ФБ објавата во чест на Св. Трифун и Св. Валентин

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 17 Feb 2021

17 февруари, 2021 г. 

Почитувани читатели и пријатели на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Пријатно не изненадивте со вашиот одзив на нашиот Конкурс посветен на Св. Трифун и Св. Валентин. Над 70 објави, мисли и цитати ни пристигнаа, споделени на нашите профили. Тоа е знак дека успеавме во ова време – невреме да ве поттикнеме да бидете креативни и да ве разнежниме. Верувајте не ни беше лесно да се одберат најдобрите три, па списокот на наградени го проширивме со уште двајца добитници.

Секое жири па и нашето однапред се извинува што меѓу наградените можеби не е и вашето име. Ќе има и други пригоди, годината е пред нас ќе се наградуваме и ќе ја шириме љубовта кон поезијата и прозата и воопшто културата на читање.

Дозволете сега да ги соопштиме петте наградени кои учествуваа на конкурсот, редоследот е случаен: Татјана Дурнева, Ива Николоска, Павел Донески, Хулија Хилми и Огнен Спасески. Тие добиваат по три книги како награда за учеството.

Во продолжение еве ги споделените мисли кои беа причина тие да се најдат меѓу наградените:

-Младост без љубов е како пролет без цвеќиња. Со убаво вино наздравете за љубовта. За многу години! Т. Дурнева

– Да го љубиш е како да го гледаш човека онаков како што Бог го замислил кога го создавал.    И. Николоска

– Ќе ме сотрат еден ден чинам: или убавите жени или лоште вина. ( автор Гане Тодоровски ) – испратил П. Донески

– Љубовта, понекогаш е најголемата борба меѓу: она да останеш или да заминеш. Во оваа борба победува умот на оној што не љуби, и срцето на оној што вистински љуби ( автор: Назми Хикмет, писател од Турција)  – испрати Х. Хилми.

– Љубовта е ветување, љубовта е сувенир еднаш дадена никогаш заборавена. Не дозволувајте никогаш да исчезне.( Џон Ленон )  – испратил Огнен Спасески.

Наградените од утре, па во наредните работни денови од понеделник до петок ги очекуваме во библиотеката  меѓу 12 и 15 часот да ги подгинат книгите.

НУ Библиотека