Ново во нашата Библиотека

Ново во нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 17 Feb 2021

17 февруари, 2021 г. 

Уште од денеска на пултот за зајмување можете да ги побарате следните нови наслови: Скандал на пролет од Лиса Клејпас и Ќерката на дрвосечачот од Наде Стоjилковиќ, двете во издание на Сакам книги.

   

Следните четири наслови се во издание на Матица македонска: Нели е прекрасна и  Во секоја љубов има малку лудило од Мари Форс, Нишка од Трејси Шевалие и Некој друг живот од Јелена Бачиќ – Алимпиќ.

   

 

Неделниот предлог го заокружуваме со уште три книги во издание на Култура. Зад нејзините очи од Сара Пинбороу, Ќерката од соништата Дијана Чејмберлен и Мистеријата на седумте бабушки, наменета за најмладите читатели од авторот Џеронимо Стилтон.

           

НУ Библиотека „Григор Прличев“ за читателите е отворена од понеделник до петок во времето од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за Ковид дезинфекција која трае половина час а почнува во 13 часот.

Годишната членарина за ворасни чини 300 а за деца и ученици 200 денари.

НУ Библиотека