Разговор со Лилјана Пандева лауреат на Конкурсот „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски

Разговор со Лилјана Пандева лауреат на Конкурсот „Григор Прличев“ за најдобра поема на македонски

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 10 Feb 2021

10 февруари, 2020 г.

Лилјана Пандева е македонски поет, раскажувач и романсиер, родена е во 1964 година. Таа е автор на поемата „Капетаните“, избрана како најдобра на конкурсот  „Григор Прличев“ за 2020 година што секоја година се доделува во чест на познатиот охридски поет и преродбеник.

Свеченоста по повод наградата се одржа  во  петокот во Центарот за култура „Григор  Прличев“  во Охрид со почитување на здравствените протоколи од Ковид -19 . Ден пред свечениот чин разговаравме со д-р Пандева за тоа како и зошто се одлучила да пишува поема и воедно да конкурира. За долгиот процес на создавање на нејзините дела и истражувањата кои им претходат.  Јавноста и читателите имаат впечаток дека излегуваат едно по едно а таа вели некои со години ги работела и тлееле во неа.

 

20707114 10155048583164069 1738580748 o 1

Зборувавме за Охрид и за Прличев но и за нејзиниот стил и ракопис и секако за тоа како е во брак со познат филолог и професор и исто така писател – проф. д-р Димитар Пандев,  со кого, како што ни рече д-р Пандева заеднички ја имаат страста кон пишувањето но и различен приод и сензибилитет, што можеби е и посебно и убаво.

Со д-р Лилјана Пандева, разговара Милчо Јованоски . Кликнете на линкот за да го слушнете разговорот во целост. 

 

Лилјана Пандева дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. На истиот факултет магистрирала на тема: „Поетските фигури на формата во македонската книжевност меѓу традицијата и иновацијата“, а докторирала на тема: „Адвербијализацијата во македонскиот јазик“.

Добитник на две откупни награди за краток расказ на „Нова Македонија“.

За романот „Доилката“ е добитник на наградата за најдобро прозно дело „Стале Попов“ за 2016 г.

Автор е и на повеќе стручни трудови од областа на македонистиката.

Lile Pandeva

Зад себе како автор ги има книгите: Новогодишни едночинки, драмулетки за деца; Канцелариски колумни, раскази; Љубов од А до Ш и обратно, поезија; Од агендата на Калина Калин,роман;  Возовите на Луцерн, роман; Доилката, роман; Дневници на една љубов, роман; Класифицирано, роман и Два Божика – роман.

Нејзините дела се преведувани на германски, на српски и на руски јазик.

Публицитет.мк

НУ Библиотека