НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви предлага 8 нови наслови за читање

НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви предлага 8 нови наслови за читање

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 16 Dec 2020

16 декември, 2020 г. 

Како што се приближува крајот на годината во нашата установа секојдневно се обработуваат нови и нови наслови од домашната и светската книжевна продукција.

Оваа среда ви ги предлагаме да ги прочитате следниве наслови: „Зелената гуска“ од Љубиша Никодиновски – Биш, „Златната средина“ од Анабел Лајон, „И на небо и на земја“ од Милан Ѓорѓевиќ , „Тихување“ од Тихомир Јанчовски, „Во главата слушам песна“ од Елизабета Баковска , „Вистинската приказна за Дедо Мраз“ од Тодор Јовчевски, „Графитот Рак. Мерак и Глупак“ од Ленче Китанова  и „Македонија“ од Харви Пикар и Хедер Роберсон.

Пултот за издавање работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30  часот со пауза за дезинфекција од 13 до 13 и 30 часот.

Годишната членарина во библиотеката е 300 денари за возрасни и 200 денари за деца.

НУ Библиотека