Нашата библиотека со поддршка на Проектот „250 години од раѓањето на Бетовен“

Нашата библиотека со поддршка на Проектот „250 години од раѓањето на Бетовен“

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 14 Dec 2020

15 декември 2020 г. 

Оваа 2020  година е година  на исклучителен јубилеј – 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен (17 декември 1770 година). Нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ во целост ја поддрѓа оваа убава иницијатива која ја обединува културата во Охрид. 

Бетовен е еден од најголемите музички композитори на германската нација и на целото човештво. Охрид е град во кој се родил, живеел и починал друг гениј и полимат, Св. Климент, творецот на Кирилицата и веројатно наједуцираната личност на светот во своето време (840 – 916).

-Заради нашиот Патрон, ние охриѓаните имаме чест, но и обврска достојно да ги спомнуваме личностите кои низ долгата културна историја на Европа оставиле најдлабоки траги, вели д-р Зоран Тунтев кој ги обедини сите релевантни поединци и институции во активностите кои се случија и допрва ќе се случат во градов.

За Бетовен на креативен начин се вклучија:  Охридскиот музички еснаф, Градскиот хор „Vox Lychnidos“, ученици и професори од основното музичко училиште „Методи Патче“, хорот на Гимназијата „Св. Климент Охридски“ и Културолошка иницијатива „5 до 12“.

Настанот финансиски го помогнаа Амбасадата на Сојузна Република Германија, Општина Охрид и АСП – ПАК, а техничка, аудио и видео поддршка овозможија: Студио 2С, Студио Китрозон, ИН ТВ, ПАП – Охрид и Охридњуз.

НУ Библиотека