Ви предлагаме да прочитате: „Сите твои совршености“ од Колин Хувер

Ви предлагаме да прочитате: „Сите твои совршености“ од Колин Хувер

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 15 Oct 2020

15 октомври, 2020 г.

Во нашата рубрика Огледало Ви препорачуваме книга која изминативе скоро два месеци е една од најбараните во нашата библиотека. Се работи за бестселерот според „Њујорк тајмс“ книгата „Сите твои совршености“ од Колин Хувер. Книгата на македонски ја објави „Сакам книги“ пред две години.

Авторката Хувер се надминува себеси со моќна приказна за еден разнишан брак и едно старо, речиси заборавено ветување што би можело да го спаси.

На совршената љубов на Квин и Грахам ѝ се заканува нивниот несовршен брак. Спомените, грешките и тајните што се трупале низ годините сега ги влечат на различни страни и уште повеќе ја зголемуваат дистанцата меѓу нив. Единственото нешто што би можело да ги спаси е токму онаа работа што ги има донесено до работ на пропаста.

„Сите твои совршености“ е срцепарателна, емотивна и моќна приказна за пар чија потенцијална иднина се држи на шарките на ветувањата дадени во минатото. Додека без престан ги голтате страниците, ќе се прашувате: Може ли една силна љубов со совршен почеток да живее цел живот Ова е роман кој сигурно ќе ве освои можете да го позјамите од нашата библиотека.

Годишната членарина за возрасни е 300 а за деца  само 200 денари.

НУ Библиотека