И при Ковид-19 ги одбележуваме родендените на роднокрајните автори

И при Ковид-19 ги одбележуваме родендените на роднокрајните автори

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 07 Aug 2020

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и во услови на Ковид -19, виртуелно ги одбележува родендените на роднокрајните автори.

Во август според евиденцијата на Библиотеката се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго и Славе Николовски – Катин.

И на овој начин преку медиумите и социјалните мрежи ги потсетуваме нашите читатели и оние кои сакаат  да се зачленат да ги побараат нивните дела во библиотеката.  Преку нивното богато творештво одново ќе му се навратат на Охрид и околината во минатото, а младите генерации ќе можат преку збор ама сликовито да  запознаат  Охрид од некое друго време.