Прочитајте дела од Роднокрајните автори родени во јули

Прочитајте дела од Роднокрајните автори родени во јули

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 10 Jul 2020

10 јули, 2020 г. 

Во вонредни услови и Ковид – 19 во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и посебните протоколи за работа е затворена читалната и поради реорганизацијата на работата се’ уште нема услови за одржување промоции и други настани.

Но ние како установа не се откажуваме од воспоставената практика да Ве потсетиме на родендените на нашите роднокрајни автори кои се дел од Роднокрајното одделение во библиотеката.

Во јули се родени: Томислав Тунтев, Јошко Србиноски, Љупчо Милкоски Розе Костеска , Ацо Силјаноски, Ило Кафеџиоски – Кафе и Џеладин Емини.

Ве потсетуваме на дел од нивното творештво кое го поседуваме и ви е на дофат.

Од авторот Тунтев ви ги препорачуваме: „Светиот завет“ – роман и двете стручни монографии ’50 години Аеродром Охрид’и ’ Историја на водухопловството’.

Од авторот Милковски прочитајте ја поемата „Охридска  светлина“ од авторката Костеска ги препорачуваме книгите за деца „Занаети и професии“ и „Мали најмили“, како и стихозбирката „Пркос“.

Во роднокрајното одделение ја поседуваме и стихозбирката „Трагите не се завеани“ од Ацо Силјаноски.

Од богатиот  трезор на нашата библиотека можете да ја позајмите и книгата „Охридски литературни творци од Прличев до денес“ од авторката Маринела Јовановиќ во која се поместени 109 писатели и поети  родени во Охрид и околината или имале допирни точки со градот.

Да потсетиме, под посебен протокол во библиотеката  се врши позајмувањето на книги и тоа од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот со пауза за дезинфекција на просториите од 12 до 12 и 30 часот.