Од денеска Библиотеката „Григор Прличев“ отворена за читателите

Од денеска Библиотеката „Григор Прличев“ отворена за читателите

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 06 Jul 2020

6 јули, 2020г.

По паузата поради Ковид – 19 мерките и Уредбата од Владата од денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е повторно отворена.

Библиотеката ќе работи од понеделник до петок во терминот од 8 и 30 до 16 и 30 со пауза за дезинфекција на просториите  во терминот од 12 до 12 и 30 часот.

НУ Библиотека од Охрид применува протокол за работа кој бара дициплина и одговорност и од вработените и од читателите.

Задолжително е секој посетител да носи заштитна маска и да го почитува редот за дезинфекција пред влегување во установата.

 

Почитувани читатели и корисници на услугите на НУ Библотека „Григор Прличев“ Ве известуваме дека е отворен  одделот за позајмување на книги, додека читалната  и натаму останува затворена.