Нова веб страница, нови можности

Нова веб страница, нови можности

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 26 May 2020

26 мај, 2020

Почитувани читатели, наши членови и Вие кои наскоро ќе бидете тоа или сте само наши проследувачи, НУ Библиотека „Григор Прличев“ одлучи преку рубриката Огледало да оствари индиректен контакт  со  Вас .

Ви оставаме простор за Ваши објави од типот: Препорака за прочитана книга, ваш осврт во однос на писател, дело  и слично…

Секако ги чекаме и Вашиите литературни обиди: поезија и проза кои доколку ги исполнуваат основните критиериуми ќе ги објавиме во рубриката.

Поезијата или прозата треба да се напишани на компјутер и како документ испратени на е – поштата:

biblioteka_ohrid@yahoo.com

Ви благодариме и се радуваме на соработката, со надеж дека ќе бииде исклучително плодна.

Библиотека Охрид