УНЕСКО со порака за Светскиот ден на книгата и на авторското право

УНЕСКО со порака за Светскиот ден на книгата и на авторското право

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 21 May 2020

23 април,2020 г.

Денес, повеќе од кога и да било, во време кога училиштата се затворени ширум светот и кога луѓето се во изолација, моќта на книгите треба да овозможи да се бориме против осаменоста, да ги засили врските меѓу луѓето и да ги прошири нашите видици, притоа стимулирајќи го нашиот дух и нашата креативност.
Во текот на месецот април, како впрочем и низ целата година, многу е важно да се најде време за читање, самиот за себе или со децата. Ова е вистински миг да се истакнува читањето, да ги воспитуваме децата како идни читатели, да им ја пренесеме љубовта кон литературата, која ќе трае целиот нивни живот.
Благодарејќи на читањето и со одбележувањето на Светскиот ден на книгата и на авторското право, 23 април, ние се отвораме кон другите и покрај далечината, ние патуваме со помош на нашата имагинација.
Од 1 до 23 април УНЕСКО споделува цитати, песни и пораки за да ја симболизира моќта на книгите и да го поттикне читањето колку што е можно повеќе. Со читањето и со споделувањето знаења ние создаваме една поврзана заедница способна да се бори со осаменоста.
Ги повикуваме студентите, наставниците, библиотекарите, читателите од целиот свет како и сите кои се вклучени во ланецот на книгите да посведочат и да ја изразат својата љубов кон читањето. Ние ве поттикнуваме да споделувате информации за вашите омилени книги и да ја препраќате оваа позитивна порака во вашето опкружување #WorldBookDay and #StayAtHome.
Од нашата страница можете да ги спуштите пораките, да ги отпечатите, да ги залепите на ѕидовите, да ги споделувате по социјалните мрежи или да ги објавите на вашата интернет-страница, тоа може многу да помогне!
Колку повеќе луѓе ќе нè слушнат, толку повеќе ќе може да им се помогне.

НУ Библиотека Охрид